Брисел: Бојкотот на парламентот стана загрижувачка практика

02.12.2014 17:16

Известувачот за Македонија, Иво Вајгл рече дека поради неефиканоста на политичките авторитети, земјава е соочена со проблеми...

Со шест последователни препораки од Европската Комисија, Македонија е подготвена да преговора, истакана министерот за наворешни работи Никола Попоски на годишното обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот Парламент.

„Во моментов, Македонија е фокусирана на тоа што Еврокомисијата го дефинира како Пристапен дијалог на високо ниво, што ни одговара, бидејќи се фокусира на клучните поглавја 23 и 24, што се однесуваат на правосудството, медиумите, транспарентноста, рекламирањето, политичките односи, политичката кутура, внатрешните односи меѓу актерите и препораките на ОБСЕ. Имаме и посебно поглавје кое се нарекува добрососедски односи, што не значи дека немаме добри односи со соседите, кои мислам дека ни се одлични“, нагласи Попоски.

Новиот известувач за Република Македонија во Европарламентот, Иво Вајгл, побара поголема ангажироност и амбиција од страна на Европската Унија за одпочнување на преговори со Македонија, при што билатералниот проблем со името ќе се реши во текот на самиот процес. Најголемиот проблем, Вајгел го лоцираше во бојкотот на институциите.

„Најголем проблем е опструкцијата во парламентот. И двете страни таму треба да сфатат дека се одговорни за иднината на земјата. Како Владата, така и опозицијата, треба на себе да преземат дел од таа одговорност“, рече извесувачот Иво Вајгел.

Речиси сите говорници ја ословуваа нашата земја со уставното име, со исклучок на неколку грчки европратеници. Според нив, ЕУ испраќа мешани пораки кон Скопје и мора да биде јасна во однос на прашањето за името и истото, да не се користи како алиби за недостаток на реформи.

Европскиот парламент останува посветен на процесот на проширување на ЕУ особено во однос на државите од Западен Балкан, а најавениот пет годишен период без нова членка во Унијата, го толкуваат како неопходна реалност за текот на преговорите.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ