Од јануари- минимална плата од 9.590 денари
Претприемачите кои стекнале искуство во странство, научиле дека законите мора да се спроведуваат...

Компаниите ја прифатија обврската за исплата на К15, од јануари работодавачите ќе мора да исплаќаат и минимална плата од 9.590 денари, а од 2016-та година, 10.080 денари. Претприемачите кои стекнале искуство во странство, научиле дека законите мора да се спроведуваат.
Марина Анчевска е сновач и управител на центарот за бизнис психологија. Седумнаесет годишното знаење од Холандија го пренесува во Македонија.
„Законите мора да се почитуваат, тоа е прво и основно, некој што ќе се зафати со претпруемаштво се знае дека си има и други обрвски“, вели Марина Анчевска, основач и управител на Центарот за бизнис психологија.
Лидија Таскова пак, 15 години води центар за странски јазици и компјутерски курсеви, како и обука за развој на деловни вештини.
„К15 исплативме уште во септември, се трудиме сите обврски да ги испочитуваме за да можат не само вработените, туку и соработниците да се чувствуваат сигурно кога работат со нас“, изјави Таскова- Попова.
Младата генерација претприемачи смета дека дисциплината и долседноста се клучни во работењето.
„Основен клуч да ги избалансирам овие работи навремено, за да може да ги испроцесирам сите плаќања, приливи и одливи, е да се дисперзира портфорлиото на повеќе критериуми, првенствено на големи и мали клиенти и второстепено на основни носечки бизниси кои ќе го задоволат тој тек“, смета Љупка Наумовска, основач на маркетинг и ПР агнеција.
Со добра статистика и добар бизнис план можат да се изменаџираат работите и да се има благ, но сигурен прогрес, вели Наумовска.
Добар план ќе им треба и на претпримечите во текстилната и во кожарската индустрија, бидејќи од 1 јануари 2015-та ќе мора да исплаќаат минимална плата од 8.050 денари, а за три години минималната плата во овие дејности треба да изнесува 10.080 денари.
Наташа Јанчиќ
