Дождот нема да ја одложи акцијата „Ден на дрвото“

02.12.2014 17:43

Започна акцијата Ден на дрвото 2014 денеска во новоуредениот зелен појас на булеварот „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче. Акцијата беше поддржана од Градот Скопје, амбасадорите и дипломатскиот кор...

Да ја засадиме нашата иднина и да се разбудиме во позелена Македонија - оваа година акцентот на Денот на дрвото е ставен на градските урбани средини.

„Градот Скопје не само за Денот на дрвото, туку преку целата година, активно работи на формирање нови и одржување на постојните зелени површини, на засадување на дрва покрај булеварите, во блоковските делови“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

„Сакаме да апелираме сите граѓани утрешниот ден да го искористат и што помасовно да излезат и да придонесат со засадување на едно дрво за остварување на овие цели“, вели Елена Кузмановска, државен секретар во Министерството за надворешни работи.

„Сигурна сум дека и ние во Србија ќе го почитуваме меѓународниот ден на дрвото. Ќе ги пренесам искуствата на нашите граѓани“, рече  Душанка Дивјак – Томиќ,  амбасадорка на Србија во Македонија.

Низ булеварите на Скопје ќе бидат засадени 2.000 дрва.

 

Анита Никушева – Јованчев