Торино, Севиља и Валенсија заинтересирани за Пандев
Според „Скај Спорт“ челниците на торинскиот состав веќе упатиле и официјална понуда од еден милион евра до турскиот фудбалски гигант за екс македонскиот репрезентативец...

Италијанскиот прволигаш Торино е сериозно засинтересиран за услугите на Горан Пандев, кој најверојатного напушта Галатасарај, зашто не е дел од стратегијата на новиот предводник Хамзаоглу.
Според „Скај Спорт“ челниците на торинскиот состав веќе упатиле и официјална понуда од еден милион евра до турскиот фудбалски гигант за екс македонскиот репрезентативец.
Македонецот е интересени за два шпанските примера-лигаша, Севиља и Валенсија, кои бараат искусен фудбалер како засилување во нападот, но Торино е најконкретен и посакува да го обезбеди Пандев пред стартот на јануарскиот преоден рок.
Горан Пандев за Галатасарај кој на Наполи му плати 2,4 милиони евра, одигра само 25 минути во турското првенство.Беше стартер, но и повлечен од игра на првите три натпревари во ЛШ и се уште нема постигнато гол за истанбулските црвено-жолти..
