„Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ по 14-ти пат

03.12.2014 09:05

Главен акцент на пошумувањето е ставен на голите и опожарени површини...

На повеќе од илјада хектари на територијата на целата држава денеска ќе бидат засадени над 5 милиони млади садници во рамките на 14-та акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Годинашното мото е „Стоп за катастрофите“. 7 илјади и 200 повеќегодишни садници од кипарис ќе бидат засадени на автопатот од Куманово до Демир Капија, а од Смоквица до Гевгелија во средишниот простор ќе бидат засадени олеандри.

На четирите гранични премини со Албанија ќе бидат засадени 200 повеќегодишни декоративни дрвца.

Главен акцент на пошумувањето е ставен на голите и опожарени површини. Општините организираат бесплатен превоз до локациите каде што ќе се сади.

Акцијата „Ден на дрвото“ се реализира седма година по ред. Почна во март 2007-та и досега се засадени околу 50 милиони дрвца.