Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност
03.12.2014 09:15
Семејството Иванови, заедно со учениците од ПОУ „Св. Климент Охридски“, по повод годинешната акција „Ден на дрвото“ ќе засадат садници во дворот на Вила Македонија...
По повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп - 3 Декември, претседателот Ѓорге Иванов заедно со своето семејство денеска во резиденцијата „Вила Македонија“ ќе ги прими учениците со посебни образовни потреби од ПОУ „Св. Климент Охридски“ од општина Ново Село.
Семејството Иванови, заедно со учениците од ПОУ „Св. Климент Охридски“, по повод годинешната акција „Ден на дрвото“ ќе засадат садници во дворот на Вила Македонија.
Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност - 3 декември, денеска во Скопје ќе се одржи традионалниот хуманитарен концерт „Аплаузи“, тркалезна маса и промоција на филмот „Најдолгите секунди“.
