Мирно, но инцидент со „брза помош“

01.01.2014 15:04

Тргнале да помогнат, завршиле во ургентен. 20 –ина минути пред Нова година настрада возачот на Брза помош. Инцидентот се случил кога на повик екипа на Брза помош се упатила во населбата Кисела Вода. Откако возачот се обидувал да паркира,  група млади почнале да удираат по возилото, а возачот настрадал кога се обидел да ги одврати од намерата.  Иако повреден  успеал да стигне до Ургентниот центар каде што е  задржан.

 (Возачот се здобил со тешки телесни повреди ,истиот е хоспитализиран и е под опсервација во Ургентниот центар , докторката е со полесни телесни повреди и е пуштена на домашно лекување.Добро е што се во стабилна состојба . Вакво нешто досега се нема случено во нашата работа, вели директорката на здравствениот дом Скопје , д-р Татијана Баевска –Вучковиќ)

Министерот Тодоров е згрозен од инцидентот.

 (Информиран сум и искрено ме разочара тоа. Мажишта,  10 луѓе напладнале човек кој што наместо да е дома за Нова година со своето семејство , работи за да им помогне на болните, вели министерот за здравство Никола Тодоров. )

Се очекува инцидентот набрзо да биде целосно расчистен. Полицијата веќе ги има неопходните информации за сторителите.

2014- та пречекана мирно и без поголеми инциденти.  Традиционално министерката Јанкулоска првиот работен ден во годината  во посета на една од полициските  станици .

Работниот состанок  и сумирањето на информациите со челниците на СВР Скопје годинава во полициската станица Центар. Регистрирани се помалку нарушувања на јавниот ред и мир од вообичаените денови. На територијата на целата држава 20-ина , а само во Скопје 4.

 (Добрата распределеност на полициските службеници и превентивните активности што ги спроведовме и совесното однесување на граѓаните ги даде своите ефекти, нагласи министерката Јанкулоска. )

Синоќа имало и повеќе обиди за кражби. Сторителите на самото место паднале во рацете на полицијата.

  Автор: Наташа Гркова- Петрушевска