Утре пристигнува извештајот за падот на кингерот

03.12.2014 11:00

Шефот на истражниот тим Омер Кулиќ нема веднаш да му го врачи извештајот на државниот обвинител, туку ќе го презентира пред претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство...

Извештајот од повторената истрага за падот на кингерот во кој загинаа претседателот Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот, во државава пристигнува утре.

Шефот на истражниот тим Омер Кулиќ нема веднаш да му го врачи извештајот на државниот обвинител, туку ќе го презентира пред претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Тие ќе треба во наредните 15 дена да подготват мислење за извештајот, по што ќе го достават до Јавното обвинителство, Собранието, Министерството за транспорт и врски и до Премиерот.

Истрагата, Кулиќ ја водеше скоро две години на барање на Владата. Во почетокот на септември изјави дека сега точно се знае како загина македонскиот претседател и дека повторената истрага е различна од првичната, која ја водеа надлежните власти во Босна и Херцеговина.