Иран самостојно нападна позиции на ИДИЛ во Ирак

03.12.2014 11:50

Телевизијата Ал Арабија емитуваше видео снимки на кои беше прикажано како авиони од типот Ф-4 вршат напади врз цели во ирачката провинција Диала во близна на границата со Иран...

Воздушни напади на иранската војска врз цели на исламистите од Исламска држава во Ирак. Потпаролот на Пентагон, Џон Кирби соопшти дека ова се први напади на Иран и не се координирани со нападите на сојузничките сили.

Телевизијата Ал Арабија емитуваше видео снимки на кои беше прикажано како авиони од типот Ф-4 вршат напади врз цели во ирачката провинција Диала во близна на границата со Иран.

Иранската армија е активна во пограничните региони меѓу Иран и Ирак и им помага на шиитските милитантни групи и на ирачките сили во борбата против сунитските бунтовници, но ова е првпат Вашингтон да потврди дека ирански авиони вршат воздушни напади врз ИДИЛ.