Утре Саем за вработување во Битола

03.12.2014 11:56

Ова е уште една можност работодавачите да ги претстават профилите на работен кадар којшто им е потребен за ангажирање во работен однос...

Над 70 компании утре ќе се претстават пред битолчани. Во просториите на Битолскиот театар ќе се одржи петтиот по ред Саем за вработување. На организиран начин ќе има средба на работодавачите што имаат потреба од ангажирање работници и на лицата коишто бараат работа.

Ова е уште една можност работодавачите да ги претстават профилите на работен кадар којшто им е потребен за ангажирање во работен однос, а лицата кои бараат работа да увидат дали со своето образование и вештини одговараат на бараниот профил на работен кадар.

Според податоците на Агенцијата за вработување, на овој начин се вработиле над 160 лица. Биле остварени контакти со над 9.500 лица, а со околу 2.500 работодавците најавиле дека ќе спроведат интервјуа.