Ставрески: „Ден на дрвото“ ќе остане традиција
Годинава посебен акцент се посветува и на уредувањето на урбаните делови и сообраќајниците. За да има почист воздух и здрава средина мора да има и доволно зелени површини...

На преку илјада хектари на територијата на цела држава денеска ќе бидат засадени над 5 милиони млади садници, во рамките на 14-та акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
Годинава посебен акцент се посветува и на уредувањето на урбаните делови и сообраќајниците. За да има почист воздух и здрава средина мора да има и доволно зелени површини.
Во општина Бутел ќе бидат засадени вкупно 650 садници.
„Денеска со жителите на општина Бутел засадивме дрвца за разубавување на општината. Ова ќе стане традиција и понатаму оваа општина и сите општини во Република Македонија, како и Владата, ќе даваат поддршка за пошумување и сочувување на животната средина“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Ставрески.
Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски потенцира дека оваа акција ја постигнува целта бидејќи покрај масовното вклучување на граѓаните, има и едукативен карактер вклучувајќи ги и најмалите учесници во градинките и школите.
