Холандски компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

03.12.2014 12:20

Заменик директорот на Агенцијата Климент Шекеровски, за време на посетата во Холандија оствари бизнис средби со претставници на петнаесет компании од различни сектори меѓу кои и хортикултура, земјоделие, логистика и метална индустрија...

Најголемиот производител на печурки од Холандија како и неколку компании од металната индустрија кои произведуваат шасии покажале интерес за инвестиции во Македонија, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на
извозот.
 
Заменик директорот на Агенцијата Климент Шекеровски, за време на посетата во Холандија оствари бизнис средби со претставници на петнаесет компании од различни сектори меѓу кои и хортикултура, земјоделие, логистика и метална индустрија. 
 
Како резултат на овие бизнис средби, од Агенцијата информираат дека во наредниот период неколку компании од Холандија ќе ја посетат Македонија.