Јанакиески: „Ден на дрвото“ добра акција да се поттикне заштитата на животната средина
Со денешната акција, укажа министерот Јанакиески, се предвидува да се засадат пет милиони садници и во урбаните и во руралните средини, а исто така и во заштитниот појас на автопатиштата на Република Македонија...

Ова е една добра акција со цел да се поттикне заштитата на животната средина и да се засадат што е можно поголем број дрва, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денеска засади дрвца во населбата Ново Лисиче во рамки на 14-тата акција „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“.
Со денешната акција, укажа министерот Јанакиески, се предвидува да се засадат пет милиони садници и во урбаните и во руралните средини, а исто така и во заштитниот појас на автопатиштата на Република Македонија.
Мотото на акцијата оваа година е „Стоп за катастрофите“. Планираните пет милиони дрвца треба бидат засадени на површина од над илјада хектари.
Главен акцент на пошумувањето ќе биде ставен на голи и опожарени површини.
