Јанкулоска: Дополнително раззеленување во средините каде сообраќајот е погуст
03.12.2014 13:05
Мотото на акцијата оваа година е „Стоп за катастрофите“. Планирано е засадување на пет милиони дрвца на површина од над илјада хектари...

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се вклучи во 14-тата акција „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“.
„Овој пат ставаме акцент на градските средини, на средините каде што сообраќајот е погуст и на средините кадешто граѓаните посочуваа дека е потребно дополнително раззеленување“, нагласи министерката Јанкулоска.
Мотото на акцијата оваа година е „Стоп за катастрофите“. Планирано е засадување на пет милиони дрвца на површина од над илјада хектари.
Главен акцент на пошумувањето ќе биде ставен на голи и опожарени површини.
