МРТ се вклучи во акцијата „Ден на дрвото“
Во кругот на телевизијата засадени се млади дрвца. Низ цела Македонија денеска во тек е 14-тата акција за пошумување...

И Македонската Радио Телевизија се вклучи во акцијата „Ден на дрвото- Засади ја својата иднина“. Во кругот на телевизијата засадени се млади дрвца.
„Македонската Радио Телевизија секоја година традиционално од одпочнувањето на овој настан, практично е заедно со оваа акција. Денес, на Денот на дрвото, вработените во Македонската телевизија благодарение на донацијата на дрвца од градот Скопје, сите дојдовме на ова место за да ја засадиме нашата иднина. Ние и медиумски ја поддржуваме оваа акција од самите почетоци и верувам дека и во иднина, бидејќи целите на оваа акција се долгорочни“, изјави уредникот на првиот програмски сервис, Диме Ратајкоски.
Низ цела Македонија денеска во тек е 14-тата акција за пошумување. Се очекува во текот на денот да бидат засадени над пет милиони дрвца на површина од 1.107 хектари.
