Надлежните институции до Владата да достават предлози за превенција од недозволено користење службено оружје
Со заклучоците е предвидено да бидат креирани повеќе законски решенија...

Владата на вчерашната седница ја разгледала информацијата на работната група за преземање мерки за превенирање од недозволено користење службено оружје на лицата вработени во државните институции.
„Во поглед на постапката за рано предупредување, Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика, да направат измени во своите материјални закони, со кои ќе утврдат задолжителна обврска на нивните вработени во рок не подолг од 24 часа да ги известат институциите каде дел од вработените имаат допир или ракуваат со службено оружје, за евидентиран случај на прекршок или на кривично дело каде постои елемент на насилство“, изјави владиниот портпарол, Александар Ѓоргиев.
Со заклучоците е предвидено да бидат креирани повеќе законски решенија, а интитуциите во рок од 20 дена треба да достават предлози до Владата која ќе ги разгледа и ќе ги упати на усвојување во Собранието.
