Припадниците на АРМ активно вклучени во акцијата „Ден на дрвото“
03.12.2014 13:42
Како што соопшти Министерството за одбрана, припадниците на АРМ саделе млади стебла во Скопје на пунктот Миладиновци, во Куманово на пунктот Среден Рид кај Младо Нагоричане, во Кичево на пунктот Љубен Србјани...
На седум пунктови низ Република Македонија денеска 350 припадниците на АРМ од осум армиски гарнизони денеска активно се вклучија во 14-та акција „Ден на дрвото“.
Како што соопшти Министерството за одбрана, припадниците на АРМ саделе млади стебла во Скопје на пунктот Миладиновци, во Куманово на пунктот Среден Рид кај Младо Нагоричане, во Кичево на пунктот Љубен Србјани, во Велес на пунктот Езеро ,„Младост“, во Прилеп на пунктот Лениште (Корија) и во Тетово на пунктот Рогачево (Шишмановец) и во Свети Николе на пунктот Богословец (Голем Дол).
Се очекува припадниците на АРМ да засадат околу 40 илјади различни садници.
Со организираното приклучување кон оваа најмасовна еколошка акција во Република Македонија, АРМ како и во изминатите години, ќе го даде својот придонес кон обновувањето на шумскиот фонд на Република Македонија, како и во изградбата на еколошката свест за зачувување на шумите како едно од нашите најголеми богатства, стои во соопштението од МО.
