Врховниот командант со македонската војска

01.01.2014 15:17

Претседателот на Македонија и врховен командант на оружените сили Ѓорге Иванов, придружуван од  Началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески ги посети припадниците на Командата за обука и доктрини на АРМ во касарната „Алекса Демниевски - Бауман". Од Велес, врховниот командант ја испрати новогодишната честитка до  сите припадници на армијата.

„Од името на граѓаните на Република Македонија им искажувам огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија  извршувајќи ги своите обврски“, рече Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија и Врховен командант на АРМ.

Иванов, потенцираше дека АРМ  и годинава останува со познатите  приоритети.

„Желба ни е да ги оствариме нашите стратегиски цели, Македонија да биде членка на НАТО“, рече  претседателот Иванов.

Врховниот командант, првојануарскиот ручек го помина заедно со војниците  од касарната „Алекса Демниевски - Бауман".

Дијана Иванова