Фудбал

Анри се враќа во Арсенал?

03.12.2014 13:49

Неговиот четиригодишен ангажман во дресот на „Њујорк Ред Булс“ во американската сокер лига заврши! Истиот момент започнаа шпекулациите дека следниот чекор на Анри ќе биде враќање во Арсенал...

Од пред неколку дена славниот француски фудбалер Тиери Анри остави зад себе уште една етапа од пребогатата фудбалска кариера. Неговиот  четиригодишен ангажман во дресот на „Њујорк Ред Булс“ во американската сокер лига заврши! Истиот момент започнаа шпекулациите дека следниот чекор на Анри ќе биде враќање во Арсенал.А, тоа значи дека неодминливо е мислењето на менаџерот на Арсенал Арсен Венгер. Под негово  водство пред 20 години Анри ја започна блескавата фудбалска кариера,исто  толку време трае и нивното големо пријателство. Венгер за англиските медиуми изјави дека со широко раширени раце во Арсенал би било прифатено враќањето на Анри.

„Тој е човек на Арсенал. Најубавите моменти во кариерата ги мина тука и нормално е еден ден да се врати.Но, во каква улога јас не знам, тоа зависи од Анри во која насока одат неговите желби.“-вели Венгер.

Тиери Анри има 37 години, во периодот меѓу 1999 и 2007 година дресот на Арсенал го носеше 254 пати, постигнувајќи рекордни 226 голови.За француската репрезентација одигра 123 мечеви.