Кошарка – НБА

Антиќ расположен, Атланта победува!

03.12.2014 13:51

Најдобриот меч од почетокот на сезоната и прв со двоцифрен број поени, македонскиот кошаркар го одигра против Бостон. Хоукс славеа со 109:105. За нешто повеќе од 20 минути, Антиќ реализираше 10 поени...

Перо Антиќ игра се подобро, Атланта победува и напредува во источната НБА конкуренција. Најдобриот меч од почетокот на сезоната и прв со двоцифрен број поени, македонскиот кошаркар го одигра против Бостон. Хоукс славеа со 109:105. За нешто повеќе од 20 минути, Антиќ реализираше 10 поени, и по три скока и асисетнции и учествуваше во победнилкиот пресврт на Атлатнта којашто во првото полувреме губеше и со 23 поени. Со ефект од 10 триумфи и 6 порази, Атланта е трета на „истокот“ за лидерот Тороното со 14-4 и Вашингтон со 11-5.

Репторс славеа на гости кај Сакраменто со 117:109, најмногу благодарение на 27-те поени на Кајл Лаури.

Голден Стејт ја оствари 15-те победа и со два пораза заедно со Мемфис се екипите со најдобар биланс во лигата. 98:97 дома против Орландо со тројката на Стефон Кари на 2,2 секунди пред крајот на мечот за десети триумф по ред на Вориорс. 

Во најдрамичниот натпревар Далас го совлада Чикаго како гостин со 132:129 и тоа по две продолженија.  Монти Елис упати 35 шута, погоди 16, но клучните за триумфот во којшто учествуваше со 38 поени или со седум од единаесетте во вторите дополнителни пет минути.

Кливленд е во мини серија победи. За четвртата и тоа против Милвоки со 111:108 најзаслужно е големото три кое заедно постигна 81 поен. Кајли Ирвинг имаше 28 со 6 асистенции, Кевин Лав 27 со 10 скока и Леброн Џејмс 26 на коишто придодаде и 10 додавања за кош.

Со 106:96 кај Детроит, Лејкерс конечно врзаа два триумфа. Најефикасен беше Џордан Хил со 22 поена. Коби Брајант имаше „тивка ноќ“, но 12-те коша ги постигна во серија и му се доближи на третопласираниот на вечната НБА листа стрелци, Мајкл Џордан на само 127 поени.

По 17 мечеви пауза, на паркетот се врати Кевин Дурент, но неговите 27 поени, како и 21-от на Расел Веструк, не и помогнаа на Оклахома да избегне пораз на гостувањето кај Њу Орлеанс со 112:104.

Бруклин и вторпат сезонава славеше против Њу Јорк овојпат во „Медисон Сквер Гарден“ со 98:93. Расположен беше гостинскиот тандем Брук Лопез со 23 и Џо Џонсон со 22 поена.

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ во победата на Феникс против Индијана од 116:99 уфрли 34 поени.

Најефикасен во ноќта со десет натпревари беше ЛеМаркус Олдриџ кој реализираше 39 поени и му асистираше на Робин Лопез на 1,3 секунди до крајот, за гостинска победа против Денвер од 105:103.

Ноќешни резултати:

Кливленд - Милвоки            111:108
Атланта - Бостон                   109:105
Детроит - Лејкерс                  96:106
Њујорк - Бруклин                  93:98
Чикаго - Далас                       129:132 (две продолженија)
Њу Орлеанс - Оклахома       112:104
Денвер - Портланд                103:105
Феникс - Индијана               116:99
Сакраменто - Торонто          109:117
Голден Стејт - Орландо        98:97