Пливање – СП Катар

Македонски рекорди!

03.12.2014 13:53

Марко Блажевски и Горазд Чепишевски постигнаа македонски рекорди и тоа во своите први трки на Светското првенство во Катар...

Водите на 25-метарскиот базен во Доха им годат на македонските пливачи, Марко Блажевски и Горазд Чепишевски. И двајцата постигнаа македонски рекорди и тоа во своите први трки на Светското првенство во Катар.

Повреден е резулат на Блажевски затоа што по дваесет години го собори рекордот на Александар Маленко на  200 метри слободно испливувајќи 1:49:80 или за 55 стотинки подобро од старото најдобро постигнување. Блажевски го освои 48-то место во конкуренција на 100 натпреварувачи.

И Чепишевски за 55 стотинки го подобри државниот, што беше и негов рекорд на 100 метри грбно поставен пред две недели. Со резултат 56:70 Чепишевски беше 58-ми меѓу 89 пливачи.