На „Денот на дрвото“ велешани почнаа акција за создавање зелен појас околу топилницата

03.12.2014 14:30

Велешани со посебна мотивација за раззеленување на градот и на околината. Ја започнаа акцијата за создавање зелен појас околу Tопилницата. Им се придружи и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска...

Кореновиот систем ја има најголемата моќ да спречува појава на ерозија и свлечишта. Секое засадено дрвце за велешани покрај „Стоп за катастрофите“ значи и придонес за подобрување на кваслитетот на воздухот. Во месноста Бела Вода денеска млади, повозрасни и воздрасни сите заедно во акција за позелен Велес.

„Ако засадиме повеќе дрва ќе имаме почиста иднина и почист воздух“.

„Се надевам дека по неколку години ова ќе биде прекрасно место за рекреација“.

„Со ваква младина иднината ни е загарантирана“, велат велешани.

Акцијата „Ден на дрвото- Засадија својата иднина“ е граѓанска, подржана од централната и локалната власт.

„Ќе засадиме 20 илјади аризонски чемпреси и очекуваме дека оваа акција што ја договоривме со директорот на ШС Бабуна да ги засадиме сите 85 илјади хектари планирани за ова година“, рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

„Сите заедно да дадеме еден позитивен исчекор во зачувување на нашата животнан средина“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска.

„Седум години уназад до сега се засадени преку 50 милиони дрвца“, рече пратеникот Коџобашиев.

Но, не само денес, планот на шумското стопанство за пошумивање ќе продолжи и во наредниот период.

„Подружница Бабуна Велес зема учество во акцијата на 78 хектари и ќе бидат засадени 320 илјади садници“, вели директорот на ШС Бабуна, Горан Наунчев.

Временските услови  за засадување на чемпреси се идеални. Очекувањата се дека оваа акција ќе биде со најголем процент на зафатени садници.

Оваа 14-та акција е посебна за велешани затоа што со неа ќе започне процесот на создавање на зелениот шумски појас околу Топилницата.

 

Дијана Иванова