Груевски: „Ден на дрвото“ дел од нашите навики
Секоја година се садат по околу 5 милиони садници, што е предуслов за здрава животна средина...

Акцијата „Ден на дрвото“ е традиционална и е дел од нашите навики, вели премиерот Груевски. Секоја година се садат по околу 5 милиони садници, што е предуслов за здрава животна средина.
„Ова е одлична традиција која верувам и другите држави ќе ја пресликаат, затоа што во минатото никогаш не се саделе толку многу дрва во Македонија. Од оние информации што ги имам, во годините пред доаѓањето на оваа влада се саделе до 600.000 дрва, а сега бројката изнеусва околу пет милиони. Добро е што процентот на успешност е голем и што се сади толкава количина во земјата, затоа што тоа ќе биде добро за сите граѓани во иднина“, изјави премиерот Груевски.
Премиерот Груевски денеска засади дрвце кај салата „Јасне Сандански“ во Скопје во рамки на акцијата „Ден на дрвото“.
Во рамки на акцијата, денеска планирано е засадување на пет милиони дрвца на површина од над илјада хектари.
Главен акцент на пошумувањето ќе биде ставен на голи и опожарени површини.
