Мирна новогодишна ноќ и во болниците
Само 23 многу пијани на скопска токсикологија, од кои 11 малолетници. Најмалиот има 14 години. Нема дрогирани, предозирани ниту прејадени. Има само тројца со хронични стомачни проблеми. Незапамтено мал број за последниве 5 години.
,,Имаме 15 мажи, 3 жени и 14 годишно момче.Значи оваа година жените умни биле.Секоја година имаме по 3-4-ца кои мора да останат 24 часа,а некогаш и повеќе.Оваа година немаме такви.“вели д-р Андон Чибишев-директор на УК за Токсикологија -Скопје

Во Ургентниот центар имало 58 пациенти од кои 18 болнички згрижени.5 настрадале во тепачки, другите во сообраќајки или од петарди .
,,На клиниката за неврохирургија се 7, на клиниката за трауматологија се 4, во кома центар 3, на абдомен се двајца пациенти, исто така двајца на пластична хирургија. Имаме лице кое што е повредено при огномет со повреди на вратот.Тоа лице е пратено на домашно лекување“ -информираше д-р Игор Мерџановски-дежурен лекар во Ургентен центар-Скопје
Стара Градска со 52 интервенции, од кои 24 ноќта.
,,Четворица се со повреди од петарди, 5 се тепачки и еден пациент е со исеченица на дланката. Хоспитализирани се само двајца пациенти,од кои едниот е пуштен на домашно лекување по сопствено барање“ информира директорката на УК за хируршки болести ,,Св.Наум Охридски“-Скопје д-р Јасмина Чабуковска
Брзата помош ноќта имала 129 интервенции. 20 биле за алкохолизирани, 10 за повредени во тепачки, но немале повик за сообраќајќи. И дежурните служби немале многу работа. Вкупно 194 прегледани во осум поликлиники и амбуланти, најмногу од петарди и пијани.
Соња Стојановска