Попоски: Македонија ќе помага во борбата против Исламската држава

03.12.2014 16:40

Освен за хуманитарната мисија за над 7 милиони бегалци од Серија, на денешниот состанок се разговараше и за заедичкото делување на терен на коалцијата предводена од САД, во прв ред спречување на дотурот на средства преку експлатација на нафта...

Умерено дејствување, за спротиставување на радикалното пропагирање со цел намалување на учеството на странските борци на страна на Исламската држава е главната порака која денеска во седиштетот на НАТО во Бисел ја упати државниот секретар на САД, Џон Кери на состанок на министрите за надворешни работи на државите кои се дел од големата коалција.

„Лидерите на ИДИЛ ги повикаа своите следбеници да  ослободат вулканска омраза во сите држави. Нашата коалиција не прокламира омраза, туку храброст да се гради иднина која ќе се основа на заеднички интереси, вредности и заедничка доверба меѓу себе. Тој контраст во целите ја покажува границата меѓу варваризам и цивилизација“, изјави Кери.

Република Македонија е дел од големата коалиција за борба против Исламската држава

„Во оној дел во кои ние можеме да приденосеме е хуманитарната димензија, помошта која може да ја очекуваат во иднина, на страна на ирачката влада“, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Освен за хуманитарната мисија за над 7 милиони бегалци од Серија, на денешниот состанок се разговараше и за заедичкото делување на терен на коалцијата предводена од САД, во прв ред спречување на дотурот на средства преку експлатација на нафта, како и за финансиската помош за ирачката влада која се очекува од големите европски држави.

На денешниот состанок учествуваа министри од 62 држави, односно, покрај членките на НАТО и партнерите, присутни беа и шефовите на дипломатиите од Арапскиот свет и азискиот континент. 

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ