Скок од три места на скалата за перцепција на корупцијата

03.12.2014 17:17

На листата од 175 земји во светот Македонија е на 64 позиција, рангирана најдобро во регионот по Словенија и Хрватска...

За три места повисоко на ранг листата е Македонија во однос на индексот на перцепцијата на корупцијата. Меѓу 175 земји опфатени со проценките и анализите земјава од 69 позиција во 2012-та, 67 во 2013-та, годинава е на 64 позиција.

Забележан е  напредок за еден индексен поен, а во споредба со земјите од регионот освен Словенија и Хрватска, Македонија е подобро рангирана од сите други држави. 

„Сме биле во 2012-та на 69-то, 2013-та на 67-мо, сега на 64-то место, меѓутоа индексните поени се зголемуваат за еден“, вели Слаѓана Тасева , директор на Транспаренси интернејшенал Македонија.

Од транспаренси посочуваат дека ваквата позииција на Македонија доаѓа како резултат на извештајот на Светскиот економски форум поради кампањите на Владата за промовирање на земјава како добра бизнис дестинација.

Согласно бодирањето на земјите врз основа на проценката на корупцијата во јавниот сектор најчиста земја во однос на корупцијата е Данска со 92 индексни поени. Ззад неа се Нов Зеланд, Финска, Шведска, Швајцарија и Норвешка. Додека, најкорумпирана земја е Јужен Судан, по него Авганистан, Судан, Сомалија и Северна Кореја.

Годинава слоганот на меѓународната заедница за борбата против ова зло е „Да го прекинеме ланецот на корупцијата“, што ќе прозвучи низ светот на 9- ти октомври- Светскиот ден на заложбите за нејзино спречување. 

 

Фиљана Кока