Венизелос не учествуваше на состанокот на Коалицијата против ИДИЛ поради Македонија

03.12.2014 17:27

Причина беше употребата на уставното име на нашата држава на листата земји-членки на Коалицијата предводена од Соединетите Американски држави...

Иако беше најавено, грчкиот вицепремиер и министер за надворешни Венизелос не учествуваше на состанокот на Коалицијата против Исламска држава во Брисел.

Причина беше употребата на уставното име на нашата држава на листата земји-членки на Коалицијата предводена од Соединетите Американски држави. 

Македонија, на состанокот во седиштето на НАТО, ја потпишала заедничката декларација, исто така, со уставното име, на што реагирал Венизелос кој адресирал и протестно писмо до американскиот државен секретар Џон Кери, пишува во соопштението на официјалната страница на грчката влада.