Хаџиевски во Пелистер?!
Собранието на клубот од „Тумбе кафе“ денеска го избра бордот на директори и потврди дека Димче Шеревски ќе биде претседател. Наредниот чекор во новата клупска стратегија е да се назначат носителите на спортските функции...

Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Пелистер, се зборува во фудбалските кулоари. Фирмата Цермат којашто е спонзор на битолскиот клуб се очекува да го промовира поранешниот македонски селектор во нов предводник на стручниот штаб.
Собранието на клубот од „Тумбе кафе“ денеска го избра бордот на директори и потврди дека Димче Шеревски ќе биде претседател. Наредниот чекор во новата клупска стратегија е да се назначат носителите на спортските функции, а без оглед што засега нема официјална потврда, во фудбалските кругови струи веста дека Ѓоко Хаџиевски ќе ги преземе „зелените“. Поранешниот селектор се наоѓаше на клупата на Пелистер на почетокот на деведесеттите, кај нас ги предводеше Вардар и Силекс, по што изгради долгогодишна интернационална кариера.
Доколку го преземе клубот, Хаџиевски ќе има задача да избори опстанок во тековното првенство затоа што на зимска пауза Пелистер замина со пет бода негатива од шестото место коешто обезбедува настап во најквалитетното фудбалско друштво и во наредната сезона.
