Македонија и Словенија на добар пат
Македонија и Словенија се почесни гости на економската манифестација на Германското здружение за источна и централна Европа што се одржа вчеравечер во Берлин.

Македонија и Словенија се почесни гости на економската манифестација на Германското здружение за источна и централна Европа што се одржа вчеравечер во Берлин.
Во специјалната програма посветена на Македонија и на Словенија е истакнато дека економските перспективи и за наредните години се позитивни. Претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски ги изнесе аргументите кои треба да ги уверат потенцијалните инвеститори за проширување на својот бизнис.. Тој наведе и дека Македонија има договори за слободна трговија со сите земји во Европа, освен со Русија. „Компаниите се уверија дека нашите ветувања се реални и ги остваруваме, и затоа сега отвораат и нови погони што е најдобра препорака за нас“, рече премиерот. Тој претходно имаше средба и со група германски стопанственици.
