Ракомет

Очекуван пораз во Рејкјавик

03.12.2014 23:47

Нашиот национален состав вечерва загуби во Рејкјавик од Исланд со 33-23...

Квалитетот на женската ракометна репрезентација на Македонија е во опаѓање, па третиот пораз во третиот натпревар од мундијалските квалификации е очекуван епилог.

Нашиот национален состав вечерва загуби во Рејкјавик од Исланд со 33-23. Со оглед и на неуспесите во двата меча со Италија, црвено-жолтите ги загубија и теоретските шанси за учество на Светското првенство во 2015-та.  Оттука, пресметката со исланѓанките в сабота во скопје ќе има формален карактер.

Резултатите и во овие квалификации се потврда дека македонскиот женски репрезентативен ракомет одамна не е на нивото од годините кога ги освојуваше меридијаните, ги разгоруваше емоциите, ја обединуваше нацијата.