Кошарка

Работнички незадржлив, МЗТ победнички!

03.12.2014 23:49

Работнички го совлада Кожув со 86-70 во одложениот натпревар од шестото коло. Гечевски со 32 и Чековски со 29 поени беа најзаслужни...

Екипите од „големата четворка“ во македонската клупска кошарка, коишто отворено претендираат напролет да разигруваат за шампионската титула, денеска беа противници во раната фаза од домашното првенство...

Работнички го совлада Кожув со 86-70 во одложениот натпревар од шестото коло. Гечевски со 32 и Чековски со 29 поени беа најзаслужни за шестиот триумф на Работнички во седмата средба сезонава. Кожув разочарува со негативен биланс 3-4.

МЗТ Скопје Аердором славеше во Куманово со 77-70. Петмина играчи на актуелниот првак постигнаа двоцифрен број поени и го неутрализираа ефектот на Мандиќ кој за Куманово даде 27 коша. Работнички има најдобар ефект досега, зад него се МЗТ, Фени и Куманово.