Попоски на Министерски совет на ОБСЕ во Базел

04.12.2014 08:32

Министерот Попоски ќе има обраќање на овој форум во кој членуваат 57 земји членки од Ванкувер до Владивосток...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе учествува на 21- от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој се оддржува во Базел, Швајцарија, земјата претседавач во 2014 година.
 
На средбата министрите ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, како и за идните правци на делување во сферата на трите димензии кои ги покрива ОБСЕ: политичко-воената, економската заедно со животната средина и хуманата односно сегментот на човековите права.