Бесими на средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

04.12.2014 08:36

Средбата ќе се одржи пред претстојниот состанок на Европскиот Совет...

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска во Брисел ќе се сретне со комесарот за Европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.
 
Ова е прва официјална средба по назначувањето на Јоханес Хан на функцијата комесар за Европска соседска политика и преговори за проширување.