Протести во Њујорк поради убиство на афроамериканец од страна на полицаец

04.12.2014 10:29

Судската порота соопшти дека нема основана причина за да му се суди на полицаецот Даниел Панталео за смртта на афроамериканецот Ерик Гарнер. Полицаецот со голи раце го задавил Гарнер кој продавал шверцувани цигари за да ги прехрани шестте деца...

Правдата повторно пред употребата на прекумерната сила на американските полицајци. Непокренувањето кривична пријава против полицаецот кој предизвика смрт на уличен продавач на цигари, предизвика демонстрации во Њујорк.

Судската порота соопшти дека нема основана причина за да му се суди на полицаецот Даниел Панталео за смртта на афроамериканецот Ерик Гарнер. Полицаецот со голи раце го задавил Гарнер кој продавал шверцувани цигари за да ги прехрани шестте деца.

Убиството се случи на 17 јули, а снимката е објавена на интернет што дополнително ги разгневи американците.

„Нема правда. Нема мир“, извикуваа демонстрантите во Њујорк- „Не за расистичката полиција.“

„На народот му треба систем, политичка правда и полиција која ќе си ја врши совесно својата работа без употреба на сила“, вели демонстрант.

„Не се чувствувам удобно кога ќе излезам надвор. Полицијата е на секој агол. Се плашам постојано дека ќе ми наштети мене или на некој друг“, додава друг.

Демонстрации се одржаа на Менхетен, Вашингтон, Филаделфија и Окленд, Калифорнија.

Американскиот министер за правда Ерик Холдер најави дека федералните власти продолжуваат со истрагата за граѓански права.