Соработката меѓу домашните и странските фирми води кон забрзан економски развој

04.12.2014 10:38

Партнерските односи меѓу странските и домашните фирми води кон забрзан економски развој на регионот. Се зголемуваат шансите за извоз, расте доходот, а со тоа и потребата од нови работни места. Таков позитивен пример имаме во Струга...

Домашните фирми стануваат сериозни кооперанти на странските компании кои работат во слободните економски зони. Една од нив е и компанијата Унипласт од Струга која соработува со белгиската „Ван Хул“. 

Фабриката за производи од полиестер Унипласт“ од Струга веќе успешно соработува една година со фабриката за автобуси Ван Хул од Скопје, која е сто процентна Белгиска инвестиција во нашата држава.

Со „Ван Хул“ како партнер, сигурно ќе се исполни еден голем дел од нашите производствени капацитети и ќе обезбеди сигурен развој во наредните неколку години, истакнуваат од таму додавајќи дека ваквата соработка со странските инвеститори е и тоа како добредојдена.

Соработката со Ван Хул започна пред година и половина и оди според планот. Истата битно влијаеше врз развојот на нашата фирма. Се спремаме за нов тип на автобус кој што треба да се произведува во фавриката во Скопје и се надеваме дека ќе ги потпишиме договорите за соработка и ќе ја продолжиме соработката според планот, вели сопственикот на Унипласт, Бојан Ковачески.

Унипласт од Струга е единствена фабрика во земјава и регионов и како таква полека но сигурно влегува на европскиот пазар. 

Браќата Ковачески веќе ги разгледуват можностите за влез и на други европски пазари.

 

Јованчо Наумоски