Ховит и Вајгл во посета на Македонија
Ричард Ховит вчера се сретна со премиерот Никола Груевски...

Пратеникот во Европскиот парламент и поранешен известувач за Македонија, Ричард Ховит денеска во ЕУ-инфо центарот во Скопје ќе одржи предавање.
Како што информираат од ЕУ-инфо центарот, на предавањето на британскиот европратеник ќе присуствуваат претставници на владини институции, на граѓанското општество, како и од амбасадите на ЕУ-членките.
По предавањето Ховит ќе одржи заедничка прес-конференција со Иво Вајгл, кој е новиот известувач во Европарламентот за Македонија.
Ричард Ховит вчера се сретна со премиерот Никола Груевски, со кого, како што соопшти владината прес-служба, позитивно ја оцениле досегашната соработка, изразувајќи заложби за продолжување на комуникацијата на теми од заеднички интерес.
Премиерот Груевски изразил благодарност до Ховит, за неговиот досегашен ангажман и придонес во спроведувањето на реформите и во напредокот на Република Македонија кон ЕУ.
