Поевтини СМС пораки
Од два на половина денар. Агенцијата за електронски комуникации од денеска ги намали големопродажните цени на СМС пораките за 75 насто. Законската процедура која вклучува јавна расправа и предлози од операторите заврши во декември.
„ Со ова се отвора можност и мобилните оператори да ги намалат цените на СМС пораките. Конкуренцијата меѓу операторите ќе ја издефинира и новата цена.“

СМС пораките се омилен начин за комуникација во светот, а Македонците го следат овој тренд. Според последните податоци на АЕК, граѓаните во просек месечно на мобилен телефон зборуваат по нешто помалку од три часа, а испраќаат повеќе од 22 милиона СМС пораки, број што очекуваат да се зголеми со намалувањето на цените. АЕК годинава за 70 насто ги намали цените за интерконекција во мобилната телефонија и за 30 проценти цената за пристап до најголемиот фиксен оператор.
Намалувањето на интерконекциските цени се очекува да ги поевтини и разговорите, да ги збогати понудите и да донесе поголема конкуренција.
Катерина Топалова