Мајданпек - четири дена без струја

04.12.2014 11:18

Вонредна состојба се уште не е воведена...

Четврти ден Мајданпек е без струја. Српската војска утринава достави три агрегати со голема моќност. Еден од нив ќе биде монтиран кај градската топлана за да станарите на пониските катови добијат греење.
 
Вонредна состојба се уште не е воведена, и покрај тоа што Секторот за вонредни ситуации смета дека можеби тоа требало да се случи, но не би значело и евекуација на жителите.
 
До населението се доставува храна и вода, а властите се надеваат дека денеска ќе добијат струја.