Годишно обраќање на Путин: Русија нема да дозволи југословенско сценарио

04.12.2014 11:46

Путин нагласи дека бесмислено е да и се приговара на Русија од позиција на сила, и го обвини Западот дека лицемерно го прикрива државниот удар во Украина со изјави за човекови права...

Санкциите се штетни за сите страни, вклучително и за оние што ги воведуваат, предупреди денеска рускиот претседател Владимир Путин во годишното обраќање во Рускиот парламент.

Путин нагласи дека бесмислено е да и се приговара на Русија од позиција на сила, и го обвини Западот дека лицемерно го прикрива државниот удар во Украина со изјави за човекови права. Крим е составен дел на Русија, нагласи Путин.

Русија нема да дозволи да и се случи југословенското сценарио како што не му дозволи ниту на Хитлер, наведе Путин.

Рускиот претседател објави дека државата му е отворена за светот. Никогаш нема да одиме по патот на самоизолација, бидејќи тоа би било признак на слабост, истакна тој.