Кулиќ го достави нацрт-извештајот за загинувањето на претседателот Трајковски

04.12.2014 13:07

Извештајот ќе биде разгледуван од надлежните во земјава во наредните 20 дена, по што ќе следува и нивен коментар...

Омер Кулиќ му го предаде нацрт- извештајот на овластениот претставник на Република Македонија, Сотир Костов, за повторената истрага за падот на кингерот, во кој загина претседателот Борис Трајковски.

Извештајот ќе биде разгледуван од надлежните во земјава во наредните 20 дена, по што ќе следува и нивен коментар.

На прес конференцијата, Кулиќ изјави дека не може да даде исказ, дали има одговорни или не, бидејќи нивната работа се однесувала на тоа, да утврдат што и како се случувало пред и за време на летот.

Ќе бидат ангажирани уште тројца независни експерти, кои независно од оваа истрага ќе работат на утврдувањето на причините.