Атина го превзема претседателството со Унијата

01.01.2014 17:16

Од денеска Грција официјално по петти пат го превзема претседавањето со Европскиот Совет. Педесет милиони евра е буџетот со кои располага оваа најзадолжена држава во Европа во наредните шест месеци, а на чиј товар ќе биде и предизвикот за организирање на Европските избори во март. Накратко, приоритетите во рамките на грчкато претседателство се промоција на политките и активностите за постигнување економски раст, борбата против невработеноста и социјалната кохезија, како и решавање на надворешни предизвици.

Од денеска Грција официјално по петти пат го превзема претседавањето со Европскиот Совет. Педесет милиони евра е буџетот со кои располага оваа најзадолжена држава во Европа во наредните шест месеци, а на чиј товар ќе биде и предизвикот за организирање на Европските избори во март. Накратко, приоритетите во рамките на грчкато претседателство се промоција на политките и активностите за постигнување економски раст, борбата против невработеноста и социјалната кохезија, како и решавање на надворешни предизвици. „Проширувањето во целост како и проширувањето на Западаен Балкан останува да биде на врвот на приоритетите на грчкото претседателство„, изјави Димитрис Куркулас министер за надворешни работи.

Во однос на Република Македонија, одамна се познати грчките црвени линии, поради кои државата неможе да го добие заслужениот датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија, иако нивните дипломати во Брисел силно лобираат одговорноста да ја префрлат и на останатите европски држави. Последен пример се очкувањата на известувачот во ЕП за Македонија, Ричард Ховит.

„На нашите состаноци во Грција тие ме убедуваа дека кога ќе го превземат претседавањето со Европската Унија, ќе постапуваат фер и објективно, без да го инволвираат нивниот личен билатерален спор на било кој начин. Ние ќе ги држиме за збор во врска со ветувањето, изјави Ричард Ховит.

Инаку експертите генерално не очекуваат некои круцијални промени во внатрешната и надворешната политика за време на претседавањето. Познатиот новинар  Арис Шатисефону во своите колумни иронично коментира дека Грција со својот личен пример може само да им одржи лекција особено на новите европски држави, дека политиката на штедење во период кога државата има огромен јавен долг, може да доведе само до катастрофа на економски, политички и социјален план.

Марина Стојанова Тонева наш постојан дописник за МРТ од Брисел