Меѓународна конференција „Тукидид наспроти Кант денес: преобмислување на војната и мирот“

04.12.2014 13:26

Целта е да се придонесе кон размислувањата за воспоставување траен мир во Европа и светот, особено во контекст на тековните конфликти и новите геостратешки предизвици кои ја засегаат и Македонија...

Американ Колеџот од Скопје во соработка со Министерството за меѓународни работи и трговија на Унгарија и Амбасадата на Унгарија во земјава организираа Меѓународна конференција на тема „Тукидид наспроти Кант денес: преосмислување на војната и мирот“.

Целта е да се придонесе кон размислувањата за воспоставување траен мир во Европа и светот, особено во контекст на тековните конфликти и новите геостратешки предизвици кои ја засегаат и Македонија.

Последиците на реал-политиката што се практикува денес се застрашувачки, лани во светот имало 37 конфликти од кои 7 се третираат како војни со илјадници жртви.

Годинава, како што беше речено, статистиката сигурно ќе биде подраматична. 

Конференцијата ја отворија Драгана Кипријановска, заменик министер за надворешни работи и Иштван Иѓарто, државен министер за културно научна дипломатија при унгарското МНР. 

На конференцијата се обрати и ректорот на Американ Колеџ, д-р Марјан Бојаџиев.