Јолевски и Котески на средба со командантот на КФОР, Фиљуоло
Министерот Јолевски за време на средбата со командантот на КФОР, Фиљуоло, ја истакна поддршка на Република Македонија за мисијата КФОР на НАТО, како и за улогата на Македонија во однос на безбедноста и стабилноста на регионот...

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес остварија одделни средби со командантот на КФОР генерал-мајор Франческо Паоло Фиљуоло, кој престојуваше во официјална посета на ГШ на АРМ, соопштува Министерството за одбрана.
Министерот Јолевски за време на средбата со командантот на КФОР, Фиљуоло, ја истакна поддршка на Република Македонија за мисијата КФОР на НАТО, како и за улогата на Македонија во однос на безбедноста и стабилноста на регионот.
На средбата со генералот Котески се разговараше за можностите за унапредување на соработката со силите на КФОР, за безбедносната состојба во регионот, како и размена на информации со АРМ. Генералот Фиљуоло го информираше НГШ на АРМ за безбедносната состојба во зоната на одговорност на КФОР, како и за активностите и идните планови.
На двете средби е заклучено дека АРМ и силите на КФОР имаат воспоставено одлична соработката и дека во наредниот период таа ќе продолжи да се развива во интерес на јакнење на безбедноста во регионот.
