Осветен камен- темелникот на новиот храм во општина Аеродром

04.12.2014 13:45

Чинот на осветување го изврши неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан...

Денеска е Пресвета Богородица. Народот овој празник го нарекува Пречиста, како празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Богородица е вратата на спасението, родилка на синот божји, Исус Христос.

По тој повод е осветен камен – темелник за нов храм „Св. Јован Златоуст, Св. Василиј Велики и Св. Григориј Богослов“ во населбата Аеродром во Скопје.

Чинот на осветување го изврши неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан.