Унапредување на образованието за целосно вклучување на децата со попреченост
Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми во своето обраќање истакна дека образованието, како загарантирано право на сите граѓани, треба да одговори на потребите на сите ученици и студенти...

Се поставуваат стандардите за унапредување на образованието, за целосно вклучување на децата со попреченост. Продолжуваат активностите по повод 3-ти декември, Светскиот ден на лицата со специјални потреби, во кој се вклучува и УНИЦЕФ.
Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми во своето обраќање на консултативната работилница посветена на децата со попреченост, истакна дека образованието, како загарантирано право на сите граѓани, треба да одговори на потребите на сите ученици и студенти, а Министерството за образование и наука континуирано работи на поставување на образовни стандарди кои ќе им овозможат на лицата со попреченост достапно и пристапно образование.
„Токму преку воспитно-образовниот процес младите луѓе со попреченост ќе ги стекнат вештините кои им се потребни за подоцна успешно да се вклучат на пазарот на труд“, истакна Адеми.
