Птичји грип откриен на четири живинарски фарми во Канада
04.12.2014 13:56
Фармите се во долината Фрејзар источно од Ванкувер на максимално растојание од околу 8 километри една од друга...

Во четири канадски фарми за птици беше регистрирана зараза со птичји грип. Погодени се фарми во западната провинција Британска Колумбија каде се врши уништување на живината.
Фармите се во долината Фрејзар источно од Ванкувер на максимално растојание од околу 8 километри една од друга.
Заради епидемијата Јужна Кореја, Тајван и Хонг Конг забранија увоз на птици од Канада.
