Тодоров: Клиничкиот центар ќе добие сопствен извор на енергија
Изградбата на оваа постројка ќе биде со воспоставено јавно-приватно партнерство. Според проценките со неа ќе се заштедуваат десет милиони денари годишно...

Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за најмногу шест месеци ќе добие сопствен, независен извор на електрична и топлинска енергија. Ќе биде изградена електрична централа.
Изградбата на оваа постројка ќе биде со воспоставено јавно-приватно партнерство. Според проценките со неа ќе се заштедуваат десет милиони денари годишно. Од гасификацијата на комплесот Мајка Тереза заштедени се над 40 милиони денари годишно.
„Во наредниот период од 15 години во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ ќе плаќаме за електрична или топлинска енергија најмалку пет отсто пониска цена од цената која ќе биде на пазарот“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Заштедата која ќе произлезе од новата потројка, како и сите останати, ќе биде инвестирана во инфраструктура, нова опрема, односно за севкупно подобрување на функционирањето на здравствениот систем, нагласи Тодоров.
