Хан: Би сакал да ја видам опозицијата во Собранието
Средбата претходи на декемврискиот Самит на европскиот совет, на којшто ќе се разгледуваат извештаите на Европската комисија...

Во Брисел, заменик-претседателот на македонската Влада задолжен за европски интеграции Фатмир Бесими, разговараше со неговиот домаќин, еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.
Средбата претходи на декемврискиот Самит на европскиот совет, на којшто ќе се разгледуваат извештаите на Европската комисија.
„Навистина би сакал да ја видам опозицијата да се врати во Парламентот. Се што можам да допринесам за тоа јас ќе го сторам. Во таа насока планирам да ја посетам земјата во јануари следната година, и да остварам средби со литерите на различните политички партии со цел да се направи исчекор за напредок“, изјави еврокомесарот Хан.
Тема на средбата беше и акцискиот план на владата, во кој се вклучени препораките на Унијата за натамошни реформи.
