Милион патници летале од Скопје со „Wizz Air“

04.12.2014 16:13

Двапати повеќе авиони и патници од предвидуваното во 2012...

„Wizz Air“, најголемата ниско буџетна авио- компанија во Источна Европа, денеска објави дека од стартот на нивната работа во Скопје во јуни 2011 до сега имаат превезено 1 милион патници.

„Ние сме воодушевени од извонредниот раст кој го забележуваме во Македонија. Во 2012 година најавивме едeн авион во Скопје и со самото пристигнување на вториот авион во март 2014 година, ги удвоивме сите наши очекувања креирајќи нови работни места и повеќе рути од Македонија. Ние остануваме посветени кога станува збор за поддршка на туризмот и на воздухопловството во државата. Моментално вработуваме 47 луѓе како дел од екипажот за овие два авиона и сè уште бараме нови кандидати. Ние сме им благодарни на нашиот персонал од Македонија и на патниците што го поддржуваат извонредниот пораст на македонските нискобуџетни рути“ - изјави Даниел де Карвалхо од Wizz Air.

Wizz Air моментално имаат два авиони „Ербас А320“ кои досега имаат пренесено скоро 600.000 патници во последните 12 месеци на 14 рути во 8 земји. Ова се поклопува со очекувањата за 1 авион и 300.000 патници за година, најавено во 2012.

Меѓународниот аеродромски совет, кој претставува преку 450 аеродроми во 45 европски држави вклучувајќи ја и Македонија, откри дека за превезени милион патници, се подржуваат 1.000 работни места во регионот. Wizz Air е воодушевен што наместо да подржува 300 работни места во регионот, како што било предвидено, подржува 600.