Клиничкиот центар за шест месеци ќе има сопствен извор на енергија
Тодоров најави дека заштедените пари ќе се инвестираат во подобрување на здравствениот систем...

Електричната постојка која ќе работи на гас ќе се гради преку јавно приватно партнерство. Проектот предвидува, по 15 години да стане сопственост на државата. Од Министерството за здравство проценуваат дека на овој начин ќе се заштедуваат десет милиони денари годишно.
„Во наредниот период од 15 години во комплексот клиники мајка тереза ќе плаќаме за електрична или топлинска енергија најмалку пет проценти пониска цена од цената која што ќе биде на пазарот на електрична енергија, односно за топлинска енергија“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Тодоров најави дека заштедените пари ќе се инвестираат во подобрување на здравствениот систем.
Ваквиот начин на производство на електрична енергија веќе се применува во современите болници во соединетите американки држави. Сопственото производство освен заштеда придонесува и за зачувување на животната средина.
За една година откако Клиничкиот центар е гасифициран заштедени се над 40 милиони денари.
Андријана Атанасовска
